Шпанскиот судија Ернандес Ернандес веројатно е единствениот судија во светот кој на еден натпревар им покажал црвени картони на тренерот и неговиот син. Ернандес ова го направи на натпреварот помеѓу Еспањол и Валенсија, кога најпрвин го исклучил тренерот на Валенсија Марселино Гарсија Торал, а потоа и неговиот син кој е негов помошник, Серхио Гарсија Гарсија.
„Во 62.минута тренерот Гарсија Торал е исклучен бидејќи протестираше поради една моја одлука. Исто така во 62,минута Серхио Гарсија Гарсија е исклучен бидејќи мафташе со рацете и му викаше на четвртиот судија“, запишла по натпреварот во записникот Ернандес Ернандес.
И без двајцата тренери Валенсија успеа да победи со головите на Кондогбија во 67. и Санти Мина во 87.минута.