Top Sport

Рашфорд демантира дека барал 500.000 фунти неделно: Апсолутни глупости!

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ги отфрли шпекулациите дека бара неедлна плата од 500.000 фунти за да го продолжи договорот по вестите дека Пари Сен-Жермен му нудат 400.000 фунти неделно за трансфер.

Договорот на Рашфорд завршува во 2024 година и „ѓаволите“ планираат да го задржат човекот кој постигна 27 гола за нив оваа сезона со нов договор. По шпекулациите дека бара висока плата, тој се јави на Твитер.

„Пред да почнете со ови работи, тоа се глупости. Клубот и јас се почитуваме на највисоко ниво и така ќе остане. Се фокусирам да ја завршиме сезоната најдобро што можеме и да освојуваме трофеи“, напиша Рашфорд.

Според „Атлетик“, 25-годишниот Рашфорд минатото лето одбил богата понуда од ПСЖ и се очекува таква да пристигне и ова лето. Од друга страна „Сан“ тврди дека Рашфорд ќе почека да види како ќе заврши ситуацијата околу можната продажба на Јунајтед пред да ја направи конечната одлука.

Scroll to Top