Маркус Рашфорд постигна еден гол, кој беше доволен за 1:0 победа на Англија во пријателски меч против Швајцарија на „Кингс пауер“ стадионот во Лестер, за враќање на атмосферата во тимот на Герет Саутгејт, по поразот од 2:1 на „Вембли“ од Шпанија.
Кајл Вокер упати одлична нафрлена топка во 54. минута, и на напаѓачот на Манчестер јунајтед не му беше тешко да го совлада голманот Зомер.
Република Ирска пак, беше на чекор до победа на гостувањето кај Полска, пред Матеуш Клих да постигне гол во 87. минута за 1:1 реми. Северна Ирска, немаше вакви проблеми и со 3:0 го „торпедираше“ Израел.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Полска – Ирска 1:1
Северна Ирска – Израел 3:0
Англија – Швајцарија 1:0