Надежите на Велс дека во својот прв настап на едно СП од 1958 година ќе успее да стигне до осминафиналето се пред крај, откако Англија постигна два гола за само две минути на стартот на второто полувреме. Со ваков развој на настаните, Англичаните се први на табелата во групата Б (и одат на Сенегал), додека за второто место ќе се борат директно Иран и САД – таму САД мора да победи, а има 1:0 водство.
Рашфорд прво во 58. минута постигна апсолутно прекрасен гол од слободен удар, за веднаш потоа, Фоден, кој конечно доби шанса од Герет Саутгејт да биде стартер, да зголеми на 2:0.
RASHFORD WHAT A GOAL OMDSS pic.twitter.com/GqXSucnmZ4
— K (@Kst10i) November 29, 2022
FODEN PROVING EVERYONE WRONG pic.twitter.com/FUtTHdP5c2
— 𝟙𝟟 (@DxBruyneSZN) November 29, 2022