Најдобриот играч и стрелец на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ќе мора да паузира неколку натпревари, потврдија денеска од англискиот клуб.
Иако не е прецизирано колку точно напаѓачот нема да биде во конкуренција за место во тимот, од Јунајтед тврдат дека тој ќе се врати „сезонава“ и ќе биде на располагање во „последните недели“.
Извесно е дека Рашфорд ќе го пропушти двомечот со Севиља во четврт-финалето на Лига Европа, како и дуелот со Нотингем Форест викендов.
Голем проблем за Тен Хаг е што нема да може да смета на Рашфорд, во полуфиналето од ФА Купот со Брајтон на 23 април и на тешкото гостување кај Тотенхем во Премиер лигата.
Доколку Јунајтед се пласира во полуфиналето на Лига Европа, големо прашање е дали Рашфорд ќе биде подготвен и за тие натпревари.
Рашфорд, сезонава е најдобар стрелец на Манчестер јунајтед, постигна 28 гола во сите натпреварувања.