Top Sport

Рашфорд, Маунт и Поуп поради повреди отпаднаа од составот на Англија

Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, нема да игра за репрезентацијата на Англија на претстојните европски квалификации со Италија и со Украина, соопштија од клубот. Напаѓачот се здобил со повреда на вчерашниот меч против Фулам во ФА купот и ќе му требаат неколку дена за одмор.

Според „црвените ѓаволи“ тој е под знак прашалник за пресметката со Њукасл на 2 април.

Рашфорд, кој има 30 гола оваа сезона, на Светското првенство во Катар кон крајот на минатата година постигна три гола за Англија.

Поради повреди, од составот на Англија отпаднаа и играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт и голманот на Њукасл, Ник Поуп, кој ќе биде заменет со Фрејзер Форстер од Тотенхем.

Scroll to Top