Top Sport

Рашфорд мета на расистички напади по дербито со Арсенал

Маркус Рашфорд е третиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој во последните 7 дена на социјалните мрежи доживеал навреди на расна основа. По Аксел Туанзебе и Антони Марсијал кои беа навредувани по поразот од Шефилд Јунајтед, Рашфорд бил мета на расистички напади на Твитер по синоќешните 0-0 со Арсенал во Лондон.

Еден од „обожавателите“ му испратил емотикон со мајмун, а друг му порачал на младиот фудбалер „да оди во Зоолошка градина“.

Кратко потоа фудбалерот испрати порака:

„Хуманоста на друштвените мрежи на највисока точка. Дам јас сум црн и горд сум на тоо секој ден. Никој, ниту еден коментар нема да ме натера да се почувствувам поинаку. Жал ми е ако очекувавте посилна реакција, едноставно нема да го добиете тоа задоволство. Не испраќам скрин-шотови. Би било неодговорно да го направам тоа затоа што во нив нема ништо оригинално. Има толку убави деца од сите раси што ме следат и не мораат тоа да го читаат“ напиша Ангичанецот.

По веста за расизот врз Рашфорд, се огласија Јан Рајт, Џејмејн Џенас и Гари Линекер кои порачаа дека е крајно време нешто да се стори за да се заштитат играчите.

Scroll to Top