Top Sport

Рашфорд останува неизвесен за дербито со Ливерпул

Маркус Рашфорд признава дека бил разочаран откако доби повреда на грбот при 1:0 победата над Вулверхемптон во третото коло на ФА купот, со што се наоѓа во трка со времето да биде подготвен за големото неделно дерби со Ливерпул во Премиер лигата.

Најдобриот фудбалер на Јунајтед оваа сезона влезе во игра како замена во второто полувреме, но остана само 17 минути на теренот добивајќи незгоден удар и враќајќи ја старата повреда. Преку Твитер, Рашфорд не го криеше разочарувањето.

„Никогаш не сакам да се чувствувам како ги разочарувам моите соиграчи, клубот и навивачите, така што се обидов да продолжам. Честитки за момците кои обезбедија место во четвртото коло“, напиша Рашфорд.

Напаѓачот на „ѓаволите“ има 19 гола во 31 настапи оваа сезона и дополнителни пет асистенции. Оле Гунар Солскјер признава дека сакал да го одмори Рашфорд пред Ливерпул.

„Секако дека сум загрижен. Не сакав да го пуштам во игра Маркус бидејќи имаше удар во грбот од претходно. Но, ни беше потребна победа. Ќе направиме сè што е можно да игра во недела и се надеваме дека не е посериозна повреда“, изјави Солскјер.

Scroll to Top