Top Sport

Ја однел сопругата на пораѓање во Белгија за синот да им се вика Феенорд!

Еден навивач на Феенорд на вистински начин ја покажал својата посветеност кон клубот, откако неговата сопруга ја однел во Белгија за да може да го именува по својот омилен клуб.

Холандските закони не дозволуваат децата да добиваат „неприкалдни“ имиња, по што навивачот со сопругата заминал во Белгија за да може да го крсти детето Брајан Феенорд, открива тој на радио-шоуто „Мати и Марике“.

Уште поинтересно, човекот тврди дека тој е таткото на друго дете, кое стана славно со покажувањето на среден прст во дресот на холандскиот клуб.

„Мојот најстар син е славниот мал човек со средниот прст на таа фотографија. Мислам дека сите го имаат видено тоа“, вели таткото.

Се верува дека момчето на славната фотографија се вика Мајки Вилсон и дека таа е фотографирана пред финалето од УЕФА купот во 2002 година во кое играа Феенорд и Борусија Дортмунд.

Scroll to Top