Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд открива дека пред да стане познат како фудбалер на „ѓаволите“, бил мала „ѕвезда“ на ТВ-рекламите.
Рашфорд му честиташе на брендот на житарици „Келогс“, кои продолжуваат со својата добротворна работа при епидемијата на корона вирусот, и откри дека учествувал во реклама за брендот со промовирање на бесплатни часови за пливање.
Ова не било единствената реклама на Рашфорд, и тој откри дека учествувал и во рекламата на брендот јогурт „Актимел“ покрај легендата на клубот, Сер Боби Чарлтон.