Единсон Кавани е „врвен фудбалер“ кој му дава на Манчестер јунајтед „поинаква димензија“, смета Маркус Рашфорд.
Поранешниот напаѓач на Пари Сен-Жермен пристигна на „Олд Трафорд“ со договор за една сезона, и постигна 4 гола во првите 13 мечеви за „ѓаволите“, иако најчесто влегува во игра како замена. 33-годишниот Уругваец ја имаше првата асистенција при 2:2 ремито со Лестер, кога го најде Бруно Фернандеш со убава топка.
„Тој е врвен фудбалер, има невеорјатни квалитети и со него добиваме поинаква димензија во играта. Одлично е да се види како дава голови и има асистенции и мислам дека така треба да продолжиме. Сепак, ремито со Лестер изгледа како пораз во соблекувалната, бидејќи мислам дека моравме да ги освоием трите поени. Кога ќе дадете два гола, очекувате дека победата е ваша“, вели Рашфорд.