Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд доби почесен докторат од Универзитетот на Манчестер, на посебна церемонија на „Олд Трафорд“ на која присуствуваше и неговиот ментор, Сер Алекс Фергусон.
Со своите 23 години, Рашфорд е најмладиот носител на оваа награда, која требаше да му биде доделена уште во јули 2020, но беше одоложена поради пандемијата на корона вирусот. Тој ја добива наградата за својата јавна работа со кампањата против детска сиромаштија, но и поради остварувањата на теренот.
Тој се приклучува на легендите на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон и Сер Боби Чарлтон со оваа награда, а токму Фергусон, заедно со пријателите и семејството на Рашфорд беше на церемонијата.
„Да се биде тука во присуство на такви големи имиња како Сер Алекс, и тие кои одиграа голема улога во мојот пат е навистина посебно. Денеска ја добивам наградата за борба против детската сиромаштија, а вчера милиони британски семејства загубија приход од владата кој ќе се одрази драстично на нивниот живот. Затоа, ова ми носи и горчлив вкус во устата. Време е политичарите да се погрижат и за заедниците како мојата. КОВИД-19 не смее да биде изговор“, изјави Рашфорд.
Family ♥️ https://t.co/dDGpn1G8GO pic.twitter.com/j88z04dCYO
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) October 8, 2021