Top Sport

Рашфорд уште пет години на „Олд Трафорд“

Маркус Рашфорд потпиша нов петгодишен договор со Манчестер јунајтед до 2028 година, продолжувајќи со својот клуб од детството по одличната сезона.

Претходниот договор на Рашфорд истекуваше во 2024 година, и 25-годишниот англиски репрезентативец беше поврзуван со трансфер во Пари Сен-Жермен, за сега целосно да се посвети на „ѓаволите“.

„Пристигнав во Манчестер јунајтед како седумгодишно момче со сон. Истата страст, гордост и посветеност ме носи секојпат кога ќе имам чест да го носам дресот. Веќе имав фантастични искуства во клубот, но има уште многу да се оствари и останувам посветен на ловот на трофеи во иднина. Како навивач на Јунајтед, ја знам одговорноста која ја носи овој дрес и ќе го дадам мојот максимум за да ги оствариме целите“, вели Рашфорд.

Scroll to Top