Маркус Рашфорд ги отфрли тврдењата дека бил „бесен“ на Оле Гунар Солскјер откако беше оставен на клупата на стартот на дуелот со Тотенхем, велејќи дека поранешниот „ѓавол“, Овен Харгривс претерува.
24-годишниот Рашфорд доби шанса да влезе во игра во последните 20 минути игра, откако Единсон Кавани и Кристијано Роналдо донесоа 0:2 водство за Јунајтед, по што даде гол на четири минути пред крајот, и реагираше луто, што Харгривс го протолкува како порака за Солскјер.
Рашфорд на социјалните мрежи одговори.
„Лут на меаџерот? Победивме на мечот. Прославата беше знак на опуштање. Ова беше тешка недела“, вели Рашфорд, кој има само еден старт во Премиерлигата оваа сезона, 0:5 поразот од Ливерпул откако се опоравуваше од операцијата на рамото.
Rashford Goal against Tottenham pic.twitter.com/dQF8nIcxU6
— Timmy Lurner (@LurnerTimmy) October 30, 2021
Fuming at the manager??! We won the game ??♂️ that celebration was pure relief! It’s been a hard week… https://t.co/qHCg5x268u
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) November 1, 2021