Top Sport

Алаба: Баерн е голем клуб, но во Реал сè е поголемо

Давид Алаба вели дека „сè е поголемо“ во Реал Мадрид, иако претходно помина 13 години во еден од најголемите клубови на светот, Баерн Минхен.

Алаба одби да потпише нов договор со Баерн, за да премине како слободен играч на „Сантијаго Бернабеу“, и веднаш се постави како стандарден првотимец, со 13 старта во 14 меча и 1.170 минути на теренот, а постигна и славен гол против Барселона во „Ел класико“.

„Чувствувам посебна аура и атмосфера од првиот ден. Можете да ја почувствувате историјата на овој клуб кога ќе излезете на тренинг или ќе прошетата низ Мадрид. Двата клуба се поим за успех, Баерн и Мадрид се најголемите клубови на светот. Но, тука во Мадрид, без да покажам непочитување за Баерн, сè е малку поголемо“, вели австрискиот репрезентативец во интервју за „Кикер“.

Scroll to Top