Top Sport

Рашица ги предводеше Вердер до 4:2 победа над Шалке (видео)

По низа нерешени резултати, Вердер успеа да го совлада Шалке со 4:2 во првиот меч од 25. коло од Бундеслигата, предводен од двата гола на косовскиот репрезентативец Милот Рашица.

Гостите стигнаа до водство во 26. минута преку Емболо, но Рашица само пет минути подоцна израмни за на одмор да се отиде со 1:1. Макс Крузе ги донесе „зелените“ во водство од пенал, пред Рашица да го постигне својот втор гол за 3:1.  Емболо намали на 3:2 во 85. минута, пред Харник во судското продолжение да ги постави конечните 4:2.

Вердер е на осмото место на табелата, а Шалке на 14.

Scroll to Top