Претседателот на Олимпискиот комитет на Италија, Џовани Малаго, говорел за контроверзните теми во неговата земја. Главна тема биле расистичките испади што се случуваат на натпреварите во Серија А, а поради кои европските медиуми жестокот удрија по италијанските навивачи.
Од почетокот на новата сезона во Серија А се случиле најмалку четири такви инциденти. Малаго не се согласува дека тоа е најголемиот проблем во италијанскиот фудбал.
„Навивачите што ги навредуваат црномурните фудбалери грешат“, рекол Малаго за „Радио 24“, а потоа го истакнал проблемот за кој што смета дека е поголем од расизмот.
„Сепак, мислам дека многу е полошо кога играч кој заработуватри милиони евра (годишно) симулира во шеснаесетникот, а потоа целиот среќен го шутира пеналот“.