Напаѓачот на Порто, Муса Марега морашеда биде спречуван откако се обиде да си замине од теренот по расистичките навреди кои ги добиваше од навивачите на Виторија по постигнувањето на победничкиот гол за својот тим.
Марега го прослави голот со покажување на бојата на својата кожа, по што беше пречекан со мајмунски извици и со фрлање столчиња од трибините. Тој зеде едно од столчињата кои беа фрлени кон него и се обиде да си замине од теренот, по што мораа да го убедуваат фудбалерите на двата тима и неговиот тренер Сержо Консеисао.
Инцидентот продолжи две минути, пред Консеисао да го повлече од игра фудбалерот од Мали во 72. минута од мечот, по што тој мораше да добие обезбедување на патот до тунелот. 26-годишниот Марега беше една сезона на позајмица токму во Виторија (2016/17), постигнувајќи 14 гола во 31 меч.
Порто го доби мечот со 2:1.
Moussa Marega incident for those that haven’t seen it, 100% within his rights to want to leave the field. FC Porto, Sérgio and the Liga need to stand by him and make sure that this incident goes punished.
( ? courtesy of @vsports_pt) pic.twitter.com/rMWxs28UFW
— Próxima Jornada (@ProximaJornada1) February 16, 2020