Бразилецот Малком може да биде приморан да си замине од Зенит Санкт Петербург само три дена откако направи трансфер од Барселона, откако навивачите со расистички банер го отфрлија потпишувањето на договори со црни фудбалери во саботата.
Малком, кој беше најавуван како големо засилување за Барса минатото лето, направи трансфер ова лето во Зенит вреден 41 милион фунти. Но, во текот на саботниот меч против Кубан, навивачите на Зенит саркастично се заблагодарија на управата на клубот „за почитувањето на традициите“, по што објавија соопштение во кое тврдеа дека потпис со црн фудбалер само ќе го засили расизмот.
„Не сме расисти, но за нас отсуството на црни фудбалери е важна традиција со која се почитува идентитетот на клубот. Ние сме најсеверниот клуб од Европа и никогаш ментално не сме биле поврзувани со Африка, како и со Јужна Америка, Австралија и Океанија. Немаме ништо против жителите на овие континенти, но сакаме фудбалери кои се блиски со духот. Оставете не да бидеме тоа што сме“, се вели во соопштението на навивачката група.
Според руските и шпанските медиуми, Зенит се подготвени да го продадат Малком во јануари за да им удоволат на навивачите.
Former Barça winger Malcom could leave Zenit just days after joining following racist banner during his debut against Krasnodar. https://t.co/ZLb7Em099P pic.twitter.com/SE37wY71Zd
— AS English (@English_AS) August 5, 2019