Top Sport

Расизам и насилство во јуниорскиот тим на Њукасл

Тренерот на тимот на Њукасл јунајтед до 23 години, легендарниот фудбалер на Евертон, Ливерпул и Њукасл, Питер Бирдсли се наоѓа под притисок да поднесе оставка по обвинувањата за расизам и насилство во клубот.

56-годишниот Бирдсли, кој имаше над 500 настапи за тимот на Њукасл, е на позицијата од 2009 година, а против него „станаа“ членовите на тимот, посебно 22-годишниот играч од средниот ред Јасин Бен Ел-Мани.

Претходно во 2003 година, играчите на младиот тим на Њукасл, Џејмс Бомонт и Рос Гарднер го обвинија Бирдсли и директорот на академијата на Њукасл, Кени Вартон за насилство во клубот, но случајот беше отфрлен. По ова, Бирдсли се врати во клубот.

Scroll to Top