Top Sport

Во Мексико загина американски алпинист

Светски познатиот американски алпинист Бред Гобрајт загина на тренинг спуштајќи се од карпи во паркот Портеро Чико во северниот дел на Мексико.

Бред Гобрајт (31) паднал од 300 метри височина.

Неговиот колега Ајдан Џејкобсон (26) преживеал бидејќи паднал од помала висина и вегетацијата го ублажила неговиот пад, јавува „Би-би-си“.

Иако Гобрајт беше познат по искачувањето без никакви мерки на безбедност, тоа не беше случај кога се случила несреќата.

Се тврди дека двајцата алпинисти ја практикувале техниката на искачување со помош на јажиња долги 80 метри, кога алпинистите се спуштаат, секој од другата страна, како противтежа на еден со друг.

Scroll to Top