Top Sport

Распродадени билетите за натпреварот Македонија-Косово

Сите влезници за натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Косово се распродадени, информираат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Македонската фудбалска репрезентација на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плеј – оф дуелот за пласман на ЕУРО 2020. Влезниците за натпреварот веќе се распродадени.

„Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни институции поради корона вирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово. Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на одличната атмосфера на Националната арена „Тодор Проески“. Исто така, благодарност до навивачите за трпението при процесот на купување на влезници“, стои во соопштението на ФФМ.

„Потсетување до сите навивачи и поддржувачи на нашата најдобра репрезентација дека на денот на натпреварот со себе треба да носат документ за лична идентификација бидејќи при влегувањето на Националната арена за натпреварот на 26. март, редарската служба (претставници на Министерство за внатрешни работи) ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците и нема да им овозможи влез на трибините на оние навивачи кои под друго име ќе се обидат да влезат на Националната арена. Предупредуваме навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците“.

Македонската фудбалска репрезентација на 26. март ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плеј-оф дуелот за пласман на ЕУРО 2020.

Scroll to Top