Полни трибини се очекуваат на првото гостување кај Интер Мајами со Lионел Меси во тимот, пренесува „Блумберг“.
Тимот од Флорида ќе му гостува на Далас во осминафиналето на Лига купот на Северна и Централна Америка, а билетите за овој натпревар се распродадени за десет минути.
Најевтиниот билет бил достапен за 299 долари, додека во пред продажба за ова вредно парче хартија било потребно да се издвојат и повеќе од 600 долари.
Стадионот во северното предградие на Далас има капацитет од околу 20.000 луѓе.