Top Sport

Распродажба на „Фриули“

Тројцата најдобри фудбалери на Удинезе во летниот преоден рок ќе го напуштат клубот. Директорот Пјерпаоло Марино потврдил дека клубот ќе ги продаде Родриго Де Пол, Секо Фофана и Роландо Мондрагора.

„Ќе мораме во целост да го смениме редот за врска, тоа е сигурно. Модрагора го бараат неколку големи клубови, Де Пол е неспорен шампион, а и Фофана ќе замине. На нивните места ќе донесеме фудбалери од странство италијанските фудбалери бараат големи плати“, изјавил Марино за „Газета дело Спорт“.

Според Марино голманот Хуан Мусо веројатно ќе остане на „Фриули“ иако интерес за него покажуваат Интер и Манчестер Јунајтед.

„Мусо би можел да остане уште една година за да собере искуство. Неговата цена е висока“, рекол Марино.

Scroll to Top