Top Sport

Раул два пати ги одбил Шалке

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес (45) одбил две понуди на Шалке 04 да стане тренер на овој клуб, пишува шпанска „Марка“.
Кон крајот на кариерата, Раул играше две сезони за Шалке, со кој го освои германскиот Куп и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Шпанецот беше еден од омилените фудбалери меѓу навивачите на клубот од Гелзенкирхен. И покрај се, тој ја одби новата понуда од раководството на клубот, со образложение дека за него поголем предизвик е работата во Кастиља, вториот тим на Мадрид, каде што подготвува играчи за првиот тим.

Шалке 04 се врати во Бундеслигата само една година по испаѓањето, но тимот моментално е на дното на табелата.

Нов тренер на Шалке е Томас Рајс.

Scroll to Top