Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ кариерата ќе ја продолжи во Милан. Клубовите договориле Хрватот две години да мине на позајмица во Милано. Во спротивна насока ќе замине Португалецот Андре Силва.
Во текот на денот Ребиќ ќе треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа размената на фудбалери ќе биде официјализирана. Инаку, во договорот на Ребиќ стои опцијата дека Милан по две години ќе можат да го откупат неговиот договор за сума од 25 милиони евра.
Кога станува збор за Андре Силва, деталите од неговиот договор со Ајнтрахт не се познати. Португалецот има договор со Милан до јуни 2022 година.