Top Sport

Реал 533 дена не потрошиле ниту евро за нов играч

Неверојатно е вистината дека Реал Мадрид не потрошиле ниту еден цент за нов фудбалер од јануари 2020 година. Пред 533 дена, Рал на Фалменго им платија 30 милиони евра за Рејниер. Во актуелниот преоден рок во клубот пристигна Давид Алаба, но за него Реал не плати ништи бидејќи на Австриецот му истече договорот со Баерн Минхен.

Реал, пред 533 дена ја затвори бразилската трилогија, за која клубот издвои 120 милиони евра. Пред Рејниер, во клубот пристигнаа Винисиус жуниор и Родриго.

Како стојат работите, реал нема да троши ниту во актуелниот преоден рок. Исклучок е само доколку на клубот му се отвори можност да го донесе Клијен Мбапе или Ерлинг Халанд.

Реал нема да се расфрла со пари, бидејќи вложува во реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“, а клубот загуби значителни сретства поради пандемијата со коронавирусот.

Водечките шпански медиуми предвидуваат дека во новата сезона, клубот на теренот ќе го предводат младите сили. Винисисус, Родриго, Валварде и Едегард.

Scroll to Top