Top Sport

Реал, Атлетико и Јунајтед заинтересирни за играч на Валјадолид

Реал, Атлетико и Манчестер Јунајтед се само дел од тимовите што го следат младиот дефанзивец на Валјадолид Мохамед Салису.Според „Диарио АС“ претставници на Атлетико веќе стапиле во контакт со менаџерот на фудбалерот од Гана.

И покрај интересот на клубовите од Мадрид, шпанските и каглиските медиуми тврдат дека Салису во овој момент е најблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ подолг период ги скаутираат настапите на младиот дефанзивец, а клучен во целата работа би можел да биде таткото на Хуан Мата, кој му бил менаџер на Салису.

Цената за овој талентиран фудбалер е она што ги привлекува големите клубови. Неговата откупна клаузула изнесувала 12 милиони евра

Scroll to Top