Top Sport

Реал? Азар не разбира, Јовиќ игнорира

Најдобриот играч на Челси, Еден Азар и првиот стрелец на Ајнтрахт од Франкфурт, Лука Јовиќ, не сакале да разговараат со шпанските новинари по завршувањето на полу-финалниот реванш во Лига Европа.

Според медиумите Белгиецот веќе договорил петгодишна соработка со Реал, а соиграч таму наводно ќе му биди и српскиот репрезентативец Јовиќ.

Новинарите од Шпанија, синоќа во микс-зоната ги чекале Азар и Јовиќ, меѓутоа тие не биле расположени да им одговараат на прашањата.

Азар поминал покрај нив гестикулирајќи дека не го разбира прашањето и заминал со насмевка, додека Јовиќ едноставно ги игнорирал.

Scroll to Top