Top Sport

Дурент ја заврши серијата со Хјустон

Кевин Дурент, кошаркарот на Голден стејт Вориорс, имал благо истегнување на листот на десната нога, поради што ќе мора да мирува една недела. Според многумина најдобриот играч на денешницата се повреди за време на петтиот меч од полу-финалната серија со Хјустон Рокетс.

Дурент против Хјустон се повреди во финишот на третата четвртина, но и без него Вориорс забележаа победа 104:99 и поведиа во серијата со 3-2.

Иако првично во клубот се сомневале дека станува збор за повреда на Ахиловата тетива, магнетната резонанца покажала благо истегнување на листот. Наредната недела Кеј Ди че има уште еден преглед.

Ова значи дека Дурент повеќе нема да игра во серијата со Хјустон.

Scroll to Top