Реал Мадрид побарале од Лука Модриќ да го следи примерот на Тони Крос и да стави крај на кариерата во националниот тим. Крос (31), по испаѓањето на германија од ЕП, објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата.
Модриќ и покрај тоа што има 35 години се уште е клучниот играч на Хрватска. Пред еден месец тој го продолжи договорот со Реал, а претходно неколку пати изјави дека од репрезентацијата ќе се повлече по Светското првенство во Катар.
„Модриќ за хрватска дебитираше во 2006 година. Денес има 35 години и тој е недопирливиот водач на Балканците. Ги водеше до најголемиот успех во историјата, светското сребро во 2018 година. Не се поставува парање за неговата посветеност кон Хрватска, целта му е да се пензионира од репрезентацијата по СП во Катар“, пишува „Марка“ и додава.
„Меѓутоа неговата ситуација е специфична. Го продолжи договорот со Реал до наредното лето, а СП е пола година подоцна. Прашање е што ќе прави Модриќ во тие шест месеци од проектираниот крај на кариерата до СП во Катар, каде што планира да се збогува со Хрватска. Не мал бројот на луѓе во Реал кои бараат од Модриќ да се откаже од репрезентацијата, а тој не помислува да го направи тоа. Аргумент му е што во исто време игра одлично и за Реал“, пишува „Марка“.