Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, поточно претседателите на овие три клуба, немаат намера да се откажат од идејата за формирање на европската Суперлига.
Пред шест месеци, 12 клубови, објавија дека формирале ново натпреварување. Идејата пропадна под притисок на УЕФА. По само еден ден од Суперлигата се повлекоа клубовите од Англија (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, Тотенхем и Арсенал), односно Интер, Милан и Атлетико Мадрид.
Реал, Барселона и Јувентус не се откажаа од ова натпреварување, за кое навивачите сметаат дека ќе го уништи фудбалот. Шпанските медиуми објавија, дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез, во Лондон, ангажирал агенција за маркетинг која треба да работи на промоцијата на европската Суперлига.
Медиумите шпекулираат дека агенцијата направила анализа, какво е расположението меѓу навивачите низ целиот свет и започнала да ја подготвува стратегијата, како на јавноста да и го презентира ова натпреварување.