Некогаш фудбалот се играше за навивачите, денес најмногу за спонзорите и оние кои вложуваат огромни количини пари во играчите и фудбалските клубови.
Спонзорите сè повеќе ги диктираат условите во професионалниот фудбал, а во обид да отворат нови пазари низ светот и од тоа дополнително да профитираат, многу често ги одредуваат и термините за натпреварите.
Армијата навивачи кои големите европски клубови ја имаат во Азија, Австралија, САД од година во година носат невообичаени термини за одигрување на едно од најголемите светски дербија „Ел Класико“.
Дуелот на двата најголеми шпански клуба, Реал и Барселона, оваа година е закажан за 23 декември, во рамките на 17. коло, а терминот во кој ќе се игра „Ел Класико“ е бизарен, 13 часот.