Реал Бетис продолжуваат со импресивната активност во летниот преоден рок, откако според „Мундо депортиво“ се пред договор со Астон вила за трансфер на поранешната ѕвезда на Ливерпул и Барселона, Филипе Кутињо.
Спортскиот директор Рамон Планес веќе ги договорил личните услови со Бразилецот, и сега Бетис се обидува да го убеди премиерлигашот да дозволи првична позајмица со опција за купување.
Покрај Кутињо, Бетис се во преговори со Монако за трансфер на Португалецот Желсон Мартинс, кој исто така ги договорил личните услови со андалузискиот клуб. Со овие засилувања, тимот на Маурисио Пелегрини ќе биде еден од фаворитите за висок пласман во новата сезона.