Top Sport

Реал без Камавинга шест до осум недели

Едуардо Камавинга е причината за нова главобилка на тренерот на Реал, Карло Анчелоти. Камавинга се повреди на тренингот на националниот тим, веднаш го напуштил тренинг кампот и се врати во Мадрид.

Камавинга се повредил на тренингот, добил незгоден удар во пределот на коленото по еден дуел со Усман Дембеле.

Прегледите направени од клупските доктори покажале дека Камавинга ќе отсуствува помеѓу шест и осум недели.

Ова е сериозен удар за Анчелоти кој веќе не може да смета на неколку фудбалери, меѓу кои е и Џуд Белингем, но се очекува тој да биде подготвен по репрезентативната пауза.

Scroll to Top