Губењето на челната позиција во Ла Лига по поразот од Бетис, не е единствената лоша вест за Реал Мадрид. Двајца важни играчи поради повредите со кои се здобија во текот на мечот ќе ги пропуштат наредните два натпревари.
На „Бенито Вилајмарин“ се повредија Тибо Куртоа и Марсело. Куртоа погоелм дел од натпреварот бранел и покрај повредата, додека Марсело во второто полувреме беше заменет.
Од „Сантијаго Бернабеу“, во вторникот соопштија дека Белгиецот и Бразилецот ќе ги пропуштат натпреварите со Еибар во првенството и Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Голем хендикеп за Реал ќе претставува отсуството на голманот Куртоа кој сезонава брани во одлична форма.