Top Sport

Реал бира помеѓу двајца тренери: Тоа е како да избирате помеѓу БМВ и Ферари

Реал Мадрид ќе го контактира Маурицио Сари, доколку до крајот на месецов менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино.

Оваа информација ја објави Салваторе Гаритано трофеен стратег и добар познавач на случувањата во италијанскиот фудбал.

„Почетино се наоѓа во една комплексна ситуација. Со Тотенхем неодамна потпиша нов договор, а сега Реал му ја нуди тренерската позиција. Меѓутоа, Реал нема долго да чека. Доколку не добие потврден одговор, тогаш Реал ќе се сврти кон Сари кој фигурира како алтернатива. Големи разлики меѓу двајцата тренери нема. Изборот е таков што треба да изберете помеѓу БМВ и Ферари. Разговарав со луѓе од реал и 70 отсто сум сигурен дека идната сезона тренер ќе биде Сари. Реал е голем клуб кој не чека. До понеделник може да биде објавено името на новиот тренер“, рекол Гаритано за „КалчоНаполи24“.

Реал остана без тренер во четвртокот кога Зинедин Зидан поднесе оставка на функцијата. Маурицио Сари пак остана без работи по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top