Top Sport

Бускетс: Бразил е фаворит за титулата

Репрезентацијата на Бразил е главен фаворит за титулата на Светското првенство, смета шпанскиот репрезентативец Серхио Бускетс.

„Број 1 фаворит е Бразил, потоа доаѓа групата во која се Германија, Шпанија, Аргентина и Франција. Овие екипи имаат добри играчи, тоа се големи репрезентации и доколку некоја од нив ја освои титулата тоа нема да претставува изненадување“, рекол Бускетс за каталонската телевизија „ТВ3“.

„Ние немаме лесна група (Португалија, Иран, Мароко), но ако бидеме добри можеме далеку да стигнеме“, дополнил играчот на Браселона.

Бускетс проговорил и за својот соиграч од клубот, ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси.

„Него не му е потребна титулата светски првак за да се знае дека е најдобар во светот. Тој е најдобриот играч во последната деценија и луѓето никогаш нема да го заборават“, дополнил Бускетс.

Scroll to Top