Top Sport

Реал „болките“ ќе ги решаваат во јануари со Роберт Левандовски

Реал Мадрид имаат амбициозен план да го донесат полскиот голгетер Роберт Левандовски пд Баерн Минхен веќе во јануари, јавува шпанскиот „Диарио ОК“.

Полјакот е во неверојатна форма оваа сезона со 18 гола во само 13 меча за бундеслигашот, а оваа низа ја продолжи вчера против Олимпијакос, кога постигна два гола за 3:2 победа. 31-годишниот ветеран има постигнато гол во 12 последователни меча за Баерн, а последен меч во кој не дал гол бил поразот во Суперкупот од Борусија Дортмунд во август.

Во Мадрид пак, се мачат со формата на своите нови играчи, како Еден Азар (кој има само еден постигнат гол) и Лука Јовиќ (кој во девет настапи нема гол). Зинедин Зидан ќе се обиде да го склучи договорот со понуда на фудбалер и пари (Јовиќ и Герет Бејл како најсигурна опција).

Баерн Минхен го ценат Левандовски најмалку 70 милиони евра, што е огромна сума за фудбалер кој има наполнето 31 година, но се верува дека парите нема да се пречка.

Scroll to Top