Пол Погба го дели само еден чекор од преселба од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид, пишуваат денеска медиумите во Шпанија и во Англија.
Велшанецот Герет Бејл денеска треба да потпише договор со Џијанг Сунинг со што се ослободи место (а богами и голема плата) во средниот ред за извонредниот француски фудбалер кој цело лето се обидува да се пресели во Мадрид.
Медиумите пренесуваат дека „Кралевите“ се согласни да платат 150 милиони фунти за Погба, па набрзо се очекува официјална реализација на трансферот.
Менаџерот на Французинот, познатиот Мино Раиола ги „пегла“ последните детали околу трасферот во Мадрид.
Доколку во наредниот период не дојде до пречка на трансферот, Пол Погба ќе биде најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид.
Real Madrid are preparing for an all-out push to sign Paul Pogba now that Gareth Bale's wages are off their books. pic.twitter.com/829o6G9yVm
— Transfer News (@TransfersLlVE) July 28, 2019