Top Sport

Пресврт: Реал Мадрид го стопира трансферот на Бејл во Џиангсу

Пропаѓа трансферот на велшкиот фудбалски репрезентативец и член на Реал Мадрид, Герет Бејл во кинески Џиангсу Сунинг, пренесуваат британските медиуми.

Информациите се дека челниците на кинескиот клуб биле подготвени да плажаат 62 милиони евра годишно за услугите на фудбалерот, но не сакале да платат ниту цент обесштетување преку што претседателот на „Кралевите“, Флорентино Перез не можел да премине. Во моментов преговорите се стопирани.

Информациите се дека претставниците на Џиангсу се обиделе да го уценат агентот на Велшанецот, Џонатан Барнет да го прекине договорот на Бејл со Реал иако до крајот на договорот има уште 3 години.

За возврат, Кинезите сакаа Бејл да го направат најбогатиот фудбалер на светот и да исплатат договор од 187 милиони евра бруто за 3 години.

Тренерот на клубот од Мадрид, Зинедин Зидан не планира на услугите на Бејл во новата сезона, па останува да се види како кралскиот клуб ќе одговори на интересот на Пекинг Гуан и Шангај Шенхуа за Велшанецот.

Scroll to Top