Top Sport

Реал демантираат понуда за Пол Погба

Реал Мадрид се во потрага на играч од средината на теренот, но не се заинтересирани за Пол Погба, кој според италијанските медиуми на крајот на месецот пристигува во Јувентус.

Според „Марка“, директорите на актуелниот европски шампион демантирале дека има било каков контакт со Погба и со неговите претставници, бидејќи главна цел им останува Орелиен Чуамени од Монако.

Погба веќе пет години е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, посебно додека на чело на тимот беше Зинедин Зидан, кој секогаш го ценел својот сонародник, но во моментов „кралевите“ бараат поинаков тип на фудбалер – помла талент кој би ги заменил Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ и би работел со Феде Валверде и Едуардо Камавинга.

Scroll to Top