Top Sport

Реал десет дена без Куртоа

Белгиецот Тибо Куртоа поради повреда на препоните ќе отсуствува од тимот на Реал Мадрид најмалку десет дена.

Куртоа, во Реал пристигна во финишот на летниот преоден рок од Челси. Реал неговиот трансфер го плати 40 милиони евра.

Белгиецот ја зголеми листата на повредени играчи кај Реал. Од претходно се повредени Герет Бејл, Марко Асенсио, Маријано Дијаз, Маркос Љоренте и Тони Крос.

Местото на Куртоа на голот, на натпреварите против Бетис, Леганес и Севилја, ќе го заземе Кејлор Навас.

Scroll to Top