Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, бил подготвен да преземе радикални чекори кон Интер, во врска со трансферот на Ашраф Хакими.
Пред неколку дена, медиумите во Италија, објавија дека Интер досега не уплатиле ниту цент за трансферот на Хакими. Минатото лето, Реал и Интер го договорија трансферот вреден 40 милиони евра.
Интер доцнат со првата рата од 10 милиони евра, која требало да ја уплатата до декември. Перез прифатил терминот да биде одложен, но како сега стојат работите, го сменил мислењето и ги бара парите веднаш.
Правилата на УЕФА велат дека клуб кој не ги измирил обврските за трансфери направени од 31.март до 31.декември, останува без лиценца за настап во европските купови.
Интер е во голема финансиска криза, сопствениците од Кина се подготвени да го продадат клубот.
Според медиумите во Италија, клубот доцни и со платите кон играчите.