Top Sport

Реал ги нуди Бејл, Родригез и Навас за Погба да дојде на „Бернабеу“!

Шпанскиот фудбалски гигант, Реал Мадрид му нуди на Манчестер Јунајтед тројца фудбалери како замена за Французинот Пол Погба, јавуваат британските медиуми.

Наводите се дека кралевите се подготвени на „Олд Трафорд“ да ги испратат Герет Бејл, Џејмс Родригез и голманот Кејлор Навас за на „Бернабеу“ да дојде 26-годишниот Французин.

Иднината на Бејл е неизвесна во Мадрид подолг период, а Навас не е веќе меѓу стартерите откако Куртоа ја презема неговата функција. Џејмс Родригез, пак, нема намера да се врати во Мадрид по позајмицата во Баерн Минхен.

Scroll to Top