Top Sport

Барса е бронзена во Келн, го совлада Киелце како утеха за Вардар!

Ракометарите на Барселона денеска во „малото финале“ на Ф4 турнирот во Келн успеа да слави над полски Киелце со 40-35 и го освои третото место на турнирот.

Барселона водеше во текот на целиот меч, а Киелце предводени од Душебаев бркаа негатива.

Мечот изобилуваше со голови, беа постигнати дури 75, но тоа не значи дека се играше мирен меч. Имаше многу исклучувања, голем број пенали на двете страни, а Дос Сантос повторно заработи црвен картон, исто како и вчера против Вардар.

МВП на натпреварот беше играчот на Барселона, Дика Мем кој постигна 8 гола. Словенецот Јуре Доленец даде 7, а капитенот на Барса Ласа, Виктор Томас и српскиот интернационалец, Немања Илиќ прецизно стрелаа по петпати. Голманот Перез Де Вагас имаше 15 одбрани.

Кај поразената екипа, Аркадиуш Морито даде 9 гола, Артсем Каралек постигна 6, додека екс-вардарецот, Алекс Душебаев постигна пет гола.

Scroll to Top