Top Sport

Реал го демантира интересот за Гвардиол

Реал Мадрид не презема никакви активности околу трансферот на Јошко Гвардиол. Младиот хрватски дефанзивец блесна на Светското првенство во Катар.

„Марка“, во средата објави дека Гвардиол „се појавил на хоризонтот на Реал Мадрид“. Овие пишувања ги демантира функционер на Реал Мадрид, кој рекол дека објавените информации за потенцијалниот потпис на хрватскиот стопер не се точни.

Гвардиол треба да биде една од најголемите ѕвезди на летниот преоден рок. Според „Трансфермаркт“, неговата моментална цена е 60 милиони евра

Scroll to Top