Top Sport

Реал го праќа Одриозола во Фиорентина

Фиорентина имаат договор со Реал Мадрид за позајмица на Алваро Одриозола, кој веќе утре ќе пристигне во Фиренца на медицински тестови, јавува „Скај спорт Италија“.

Според нивните извори 25-годишниот дефанзивец пристигнува на обична позајмица без никакви услови, откако Карло Анчелоти не смета за него. Тој пристигна од Сосиедад за 30 милиони евра во јули 2018, по што беше пратен на позајмица шест месеци во Баерн Минхен во 2019/20.

Десниот бек има одиграно 43 меча за Мадрид, и постигнато 3 гола, додека во Германија одигра само пет меча за Баерн Минхен.

Scroll to Top