Top Sport

Тео Ернандез, конечно, доби повик во француската репрезентација

Бекот на Милан, Тео Ернадез и фудбалерот од средниот ред на Рома, Жордан Верету првпат во својата кариера беа повикани во француската репрезентација пред мечевите за квалификациите за СП во Катар 2022.

Дидие Дешам го објави составот за трите септемвриски мечеви против Босна и Херцеговина, Украина и Финска.

Колегата на Ернандез, голманот Мајк Мањан исто така е повикан во тимот, но не и напаѓачот Оливие Жиру, обично миленик на Дешам.

ГОЛМАНИ: Љорис (Тотенхем), Мањан (Милан), Манданда (Марсеј)

ОДБРАНА: Дињ (Евертон), Дубоа (Лион), Т.Ернандез (Милан), Кимпембе (ПСЖ), Кунде (Севилја), Упамекано (Баерн), Варан (Манчестер јунајтед), Зума (Челси).

СРЕДЕН РЕД: Н’Голо (Челси), Погба (Манчестер јунајтед), Чуамени (Монако), Толисо (Баерн), Верету (Рома).

НАПАД: Бензема (Реал Мадрид), Коман (Баерн), Диаби (Баер Леверкузен), Гризман (Барселона), Лемар (Атлетико Мадрид), Марсијал (Манчестер јунајтед), Мбапе (ПСЖ).

Scroll to Top