Герет Бејл не се симнува од насловните страници со шпекулациите дека ќе си замине од Реал Мадрид, меѓутоа тоа не го спречи шпанскиот гигант да го вклучи во промоцијата на новиот дрес за 2019/20.
Многумина сметаат дека 29-годишниот Бејл ќе се врати во Премиер лигата со Тотенхем или Манчестер јунајтед, но неговиот агент постојано тврдеше дека тој не сака да си замине од Мадрид, бидејќи има богат договор.
По крајот на катастрофалната сезона во која беа само трети во Ла лига и беа елиминирани од Ајакс во Лигата на шампионите, а во меѓувреме сменија два тренери, Реал го претстави дресот за 2019/20 во дизајн на „Адидас“ – бело-златна комбинација.
⚪ Inspired by glory. Created to demand it. Our new home kit by @adidasfootball.
? https://t.co/ERusaaUOvy#HalaMadrid | #DareToCreate pic.twitter.com/0Bc16jthSQ— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) June 7, 2019